ПАРТНЕРИ


АВАС – опстојува повеќе од 50 години. Нивните производи се дистрибуираат насекаде во светот во над 120 држави. Произведува повеќе од 1 милион компресори годишно во 7 фабрики на три континенти. ABAC е мултинационална компанија која се грижи за своите потрошувачи.


CORGHI – претставува светски лидер во производството на вулканизерска опрема и тоа континуирано во последните 20 години. Заедно со своите партнери CORGHI формира мрежа и се дистрибуира во над 130 земји во светот. Во 1999 година CORGHI беше прва компанија од својата област која доби ISO9001 сертификат. Компонентите се произведуваат со најсовремени автоматски NC машини, а особено се води сметка во поглед на заварувањето. CORGHI гарантира за квалитетот на своите производи.

ANNOVI REVERBERI logo

ANNOVI REVERBERI– Основана е 1958. Денес претставува најголем светски производител на пумпи за опрема за чистење и миење под висок притисок. При изработката на пумпите се користат само метални, високо квалитетни материјали, кои овозможуваат долг животен век. Нивните апарати се совршено опремени за професионална употреба. Освен за миење на автомобили, може да се користат во сите области, каде е потребно чистење под висок притисок, како што е земјоделство, градежништво, прехранбена индустрија,домаќинства, јавни и комерцијални објекти и сл.


OMCN- Мотото на оваа компанија е “Изберете квалитет за Ваша безбедност” или “Безбедноста е Ваше право, квалитетот е наша гаранција”. Благодарение на постојаниот раст, денес оваа компанија претставува лидер во производството на гаражна опрема. За достигнување на високиот квалитет оваа компанија соработува со најдобрите институти и ги користи најквалитетните суровини што им овозможува со леснотија да ги исполнат строгите хомологациски критериуми, нострифицирани од надворешни органи како :“Apare Normande”, “Bureau Veritas”и “ICEPI”. Задоволува голем број на норми и регулативи за реализација на производството а како најважни се: 98/37/CE (сигурност на машини), 73/23/CEE (низок напон):, EN 1493/98 (авто дигалки), EN 50081-1,EN 50082-1 I 89/336/CEE (електромагнетна компатибилност).


RAASM- е лидер во производството на опрема за промена на масло и подмачкување и тоа години наназад. Нивните производи се користат во индустрија, земјоделство, автомобилизам и.т.н.Сите производи се со висок квалитет.


TELWIN- основана е 1963 година со прецизна идеја: создавање на производи за сечење кои ќе можат сите желби да ги трансформираат во реалност. Година по година TELWIN се проширува и станува значајна компанија во областа на производството на апарати за заварување, системи за сечење и полначи-стартери. Денес производите на TELWIN се застапени насекаде низ светот, во над 100 држави. Производите се одликуваат со извонреден дизајн и квалитет.

fiac logo

FIAC – Формирана е 1977 година. Се карактеризира со динамична еволуција на меѓународниот пазар. Нивната  креативност ги прави да бидат  флексибилни и да се прилагодат на потребите на пазарот Се одликуваат со висок квалитет на своите производи и голем број на иновации и развој, особено со новата програма на  Long Life.

PASQUIN-LOGO-copy

PASQUIN – Оваа компанија се занимава со производство на пневматско-хидраулични  дигалки со исклучително висок квалитет, дури и за кревање на најтешки возила. При изработката на дигалките внимателно се одбираат најквалитетните материјали и компоненти, се користи најсовремена опрема се со цел да се добијат исклучително безбедни, квалитетни , функционални и издржливи дигалки во сите ситуации.

vepa_logo

VEPA- Специјализирана за производство на компоненти за компримиран воздух. Нивната програма е составена од фитинзи и брзи спојки за воздух, спирални и други црева за воздух, регулатори на притисок, вентили, припремни групи за третман на воздух, пневматски алатки.

SPIN LOGO

SPIN- Основана е 1978 год. До денес е раширен бренд насекаде низ светот. Нивните производи се специфични за автомобилската индустрија и се користат за повеќе намени. Опфаќаат  генератори на азот  за полнење пневматици, стробоскопски ламби , уреди за мерење компресија, уреди за испитување на бризгалки, ротори, мерење компресија, преси за амортизери и разни други специфични уреди.