AR 797

Високопритисни апарати за миење со ладна вода. Погодни за миење на возила, рамни површини, употреба во градежништво, индустрија. Вградената пумпа е со керамички клипови, и потисен дел изработен од месинг.

Моторот поседува термичка заштита, со што е овозможено долготрајна експлоатација. Регулатор за притисок. Автоматско испуштање детергент при помал притисок. Поседуваат режим на by pass, за заштита на пумпата од преоптоварување.

Стандардна опрема: пиштол за висок притисок со црево од 10 метри.