Технички карактеристики:
- Внатрешен опсег: од 13″ до 32″
- Момент: 1200 Nm
- Брзина на ротација: 7-20 vrt
- Работен притисок: 8-10 bar
- Напон 3ph 230/400V – 0,75 kW/ 1ph 110/230V – 0,75 Kw
- Тежина: 595 kg
- Димензии: 2187x1840x2500 mm
Со оваа машина за демонтирање, CORGHI повторно го потврди своето лидерство во својата област на производство и повторно е репер за сите свои конкуренти. Оваа машина е заснована на посебен вид на оперирање, без употреба на хебла како помошно средство за отстранување на пневматикот од фелната ( систем кој се користи при монтажа и демонтажа на пневматици).
Автоматски ја одредува димензијата на тркалото, со автоматско вклучување на алатката за позиционирање и Паметниот систем кој го користи CORGHI во процедурата за демонтирање, воведува нов начин на производство на машини за монтирање и демонтирање.
Целта со оваа машина е воведување на еден повисок степен на автоматизација, зголемување на перформансите и ефикасноста при демонтирањето и монтирањето на сите видови пневматици. Компјутеризираниот Touchscreen систем го упатува операторот, да ги извршува сите операции најдобро што може.
Оваа машина е компатиблна за сите типови на тркала, од RUN FLAT –UHP. Оваа машина е последната иновација на CORGHI – кој е и единствен иноватор во креирањето на машини за демонтирање и монтирање, се со цел оперирањето со овие машини да е побезбедно, поедноставно и побрзо за операторите и да се направи комплетна заштита од оштетување на пневматикот.
Погледни Видео