ДВОСТЕПЕНИ КЛИПНИ КОМПРЕСОРИ СО ПРЕНОС НА РЕМЕН ВО ТЕНДЕМ ИЗВЕДБА – AB 500/1700

LONG LIFE компресорите на FIAC се со висок процент на ефикасност благодарение на намалената брзина на вртење и намалената потрошувачка на масло.

Цилиндри изработени од леано железо, голема ременица на пумпата со спирални ножеви што придонесува за поголема ефикасност при ладењето.

Намалена вибрација која е обезбедена со перфектно балансирани клип и клипњача во однос на коленестото вратило овозможува поголема надежност и помали трошоци на одржување.

Серијата Тандем на FIAC LONG LIFE компресорите е дизајнирана за потрошувачи кои имаат голема потреба од компримиран воздух. На еден резервоар од 500 Л се поставени две пумпи со два мотора кои можат заедно да работат или независно една од друга , зависно од моменталната потреба на воздух и тоа произведувајќи компримиран воздух од 1100-2000 L/min. Особено се погодни при интензивен режим на работа како што е производството на мебел, разни процеси на пакување , градежништво, автосервиси и за секој кој има голема потреба од компримиран воздух. Едноставен е за приклучување во разни процеси на оперирање.

Категорија