АВАС – опстојува повеќе од 50 години. Нивните производи се дистрибуираат насекаде во светот во над 120 држави. Произведува повеќе од 1 милион компресори годишно во 7 фабрики на три континенти. ABAC е мултинационална компанија која се грижи за своите потрошувачи.
Брендови
TECO AUTOMOTIVE EQUIPMENT италијански производител на производи за вулканизерски сервиси. Нивниот асортиман опфаќа производи за монтирање и демонтирање пневматици, машини за балансирање, дигалки, апарати за центрирање и пропратна опрема за мотоцикли, автомобили, лесни комерцијални возила и камиони. Постојано се во истражувачка и развојна активност па така дизајнот на нивните производи секогаш е во чекор со секоја нова генерација на пневматици на пазарот. Основана е во 1985 година. Производите на TECO се со исклучително висок квалитет и модерен италијански дизајн . Од 1990 година TECO е дел од групацијата NEXION во која се сите репрезентативни брендови од автосервисната опрема. Денес, TECO може да се пофали со палета на производи составена од над 65 модели и вкупен обем на производство од над 6.000 парчиња годишно.
ANNOVI REVERBERI– Основана е 1958. Денес претставува најголем светски производител на пумпи за опрема за чистење и миење под висок притисок. При изработката на пумпите се користат само метални, високо квалитетни материјали, кои овозможуваат долг животен век. Нивните апарати се совршено опремени за професионална употреба. Освен за миење на автомобили, може да се користат во сите области, каде е потребно чистење под висок притисок, како што е земјоделство, градежништво, прехранбена индустрија,домаќинства, јавни и комерцијални објекти и сл.
OMCN- Мотото на оваа компанија е “Изберете квалитет за Ваша безбедност” или “Безбедноста е Ваше право, квалитетот е наша гаранција”. Благодарение на постојаниот раст, денес оваа компанија претставува лидер во производството на гаражна опрема. За достигнување на високиот квалитет оваа компанија соработува со најдобрите институти и ги користи најквалитетните суровини што им овозможува со леснотија да ги исполнат строгите хомологациски критериуми, нострифицирани од надворешни органи како :“Apare Normande”, “Bureau Veritas”и “ICEPI”. Задоволува голем број на норми и регулативи за реализација на производството а како најважни се: 98/37/CE (сигурност на машини), 73/23/CEE (низок напон):, EN 1493/98 (авто дигалки), EN 50081-1,EN 50082-1 I 89/336/CEE (електромагнетна компатибилност).
RAASM- е лидер во производството на опрема за промена на масло и подмачкување и тоа години наназад. Нивните производи се користат во индустрија, земјоделство, автомобилизам и.т.н.Сите производи се со висок квалитет.
TELWIN- основана е 1963 година со прецизна идеја: создавање на производи за сечење кои ќе можат сите желби да ги трансформираат во реалност. Година по година TELWIN се проширува и станува значајна компанија во областа на производството на апарати за заварување, системи за сечење и полначи-стартери. Денес производите на TELWIN се застапени насекаде низ светот, во над 100 држави. Производите се одликуваат со извонреден дизајн и квалитет.
COMPRAG е Германска компанија со повеќе од дваесет годишно производство на завојни компресори, сушачи , производи за третман на воздух, сепаратори и резервоари за компримиран воздух. Нивните производи се дистрибуираат во над 50 земји низ светот
VEPA- Специјализирана за производство на компоненти за компримиран воздух. Нивната програма е составена од фитинзи и брзи спојки за воздух, спирални и други црева за воздух, регулатори на притисок, вентили, припремни групи за третман на воздух, пневматски алатки.
FIMA Compressors е производител на компресори со искуство повеќе од 40 години.
Од самиот почеток на нивното постоење главна цел е развој на линија на производи кои по квалитет се производи на кои ќе им се верува. По долги години брендот ФИМА сега е присутен во повеќе од 80 земји низ светот. Fima компресорите обезбедуваат постојано и ефикасно снабдување со воздух.
Компресори со кои ќе ја зголемите продуктивноста и ќе ја завршите секоја работа беспрекорно, прецизно и без застој