Балансерка TECO 680 PLUS

Електронска машина за балансирање со монитор. Погодна за патнички и  лесни товарни возила.  Со опционални додатоци може да се користи и за мотоцикли.
Брза, прецизна машина идеална за поголема експлоатација. Странична преграда за складирање на фланшни, конуси и додатоци. На овој начин работната површина се одржува уредна, додатоците се заштитени и лесно се пристапува до нив.
Автоматски сензор за бесконтактно мерење на ширина на тркало и автоматско активирање на програмите за балансирање.

Програми: “Quick optimise” (брза оптимизација), “Hidden weight” (скриени тегови) и “Split weight” (раздвоени тегови) за мотоцикли , 7 ALU програми за балансирање на фелни од лесна легура, вклучително и 2 програми ALU P “Precision”.

Достапна со опцијата “LASER & LIGHT KIT”.
“LASER & LIGHT KIT”- автоматски начин за позиционирање на точката на поставување самолепливи тегови со ласер и автоматско сопирање. Со избор на ALU програма, ласерот му асистира на операторот поставување на самолепливите тегови во позиција на часовник кога означува 6 часот.  LED светло за осветлување на работната површина, со што му е овозможено на операторот лесно чистење и проверка на тркалото, како и прецизно нанесување тегови