Балансерка TECO 680

Компјутерска  машина за балансирање со монитор. Брза, прецизна, компактна машина, погодна за патнички и  лесни товарни возила .  Со опционални додатоци може да се користи и за мотоцикли. Автоматски сензор за бесконтактно мерење на ширина на тркало и автоматско активирање на програмите за балансирање.

Програми: “Quick optimise” (брза оптимизација), “Hidden weight” (скриени тегови) и “Split weight” (раздвоени тегови) за мотоцикли , 7 ALU програми за балансирање на фелни од лесна легура, вклучително и 2 програми ALU P “Precision”.

Достапна со опцијата “LASER & LIGHT KIT”.
“LASER & LIGHT KIT”-  автоматски начин за позиционирање на точката на поставување самолепливи тегови со ласер и автоматско сопирање. Со избор на ALU програма, ласерот му асистира на операторот за поставување на самолепливите тегови во позиција на часовник кога означува 6 часот. LED светло за осветлување на работната површина, со што му е овозможено на операторот лесно чистење и проверка на тркалото, како и прецизно нанесување тегови