Балансерка TECO 660

Балансерка TECO 660

Електронска машина за балансирање со дисплеј. Брза, прецизна, компактна машина, погодна за патнички и  лесни товарни возила.  Со опционални додатоци може да се користи и за мотоцикли. Внатрешен мерач за автоматско внесување на податоци за растојание и дијаметар на фелна и автоматско активирање на програмите за балансирање.

7 ALU програми за балансирање на фелни од лесна легура, вклучително и 2 програми ALU P “Precision”.

Достапна со опцијата “LASER & LIGHT KIT”.
“LASER & LIGHT KIT”  автоматски начин за позиционирање на точката на поставување самолепливи тегови со ласер и автоматско сопирање. LED светло за осветлување на работната површина, со што му е овозможено на операторот лесно чистење и проверка на тркалото, како и прецизно нанесување тегови.