Балансерка TECO 710

Електронска машина за балансирање со дисплеј.Брза, прецизна машина идеална за поголема експлоатација. Дизајн кој овозможува максимален пристап до внатрешноста на тркалото. Погодна за патнички, лесни товарни возила, SUV и со опционални додатоци може да се користи и за мотоцикли.
Автоматски сензор за бесконтактно мерење на ширина на тркало и автоматско активирање на програмите за балансирање
Нов интуитивен, автоматски начин за позиционирање на точката на поставување на тег и автоматско сопирање.  Со избор на ALU програма, ласерот му асистира на операторот поставување на самолепливите тегови во позиција на часовник кога означува 6 часот.
Ласерски покажувач за брзо и прецизно позиционирање на самолепливи тегови

Програми: “Quick optimise” (брза оптимизација), “Hidden weight” (скриени тегови) и “Split weight” (раздвоени тегови) за мотоцикли , 7 ALU програми за балансирање на фелни од лесна легура, вклучително и 2 програми ALU P “Precision”.

Достапна со опцијата “LASER & LIGHT KIT”.
LED светло за осветлување на работната површина, со што му е овозможено на операторот лесно чистење и проверка на тркалото, како и прецизно нанесување тегови

Опционално достапна и во EL  верзија со  пневматски систем на стегање на тркало