Демонтерка TECO 100 VARIANT

Автоматска демонтерка од линијата  «Lever-Less» нов, уникатен концепт на  специјално дизајнирани машини за професионалци во индустријата. Робусна машина, со систем за централно прицврстување. Овој модел на автоматска  демонтерка има усвоени многу патентирани технички решенија за беспрекорно ракување со големи и тешки тркала на лесни возила, теренци, SUV и комбиња со капацитет од 12″ до 30″.

Стандардно се испорачува со 2 брзини (само за 3-фазни модели), со педала за пумпање (GP верзија) и со рачен систем за стегање на тркалата. Оваа демонтерка е замислена да им понуди на операторите да конфигурираат верзија која најмногу им одговара:
Опции:
IPL-2: пневматска дигалка со максимален работен капацитет до 85 kg
KIT BLAST – уред за брзо пумпање на тубелес пневматици
AUTOMATIC LOCK – пневматски систем за прицврстување на тркалата.
ВЕРЗИЈА МI: конфигурација со моторинвертер.
KIT STT: систем за избивање со сечило (достапен само за верзијата MI).